Алкалоид се пресели на Маврово

Уште десетина дена остануваат до моментот кога ќе заврши најздодевниот дел од сезоната, а тоа е периодот на физички подготовки и ќе почнат да се играат првите контролни натпревари. 



Маврово стана главниот центар за физички подоготовки на македонските екипи во пред сезоната. По битолските Еурофарм Пелистер 1 и 2, од денеска на овој планински центар се наоѓаат и кадетската репрезентација на Македонија што ќе игра на ЕХФ Шампионатот во Летонија и екипата на Алкалоид. 

Новиот суперлигаш на Маврово пристигна со 19 ракометари предводени од Кирил Лазаров. Планот е екипата да остане таму десет дена, потоа накратко се враќа дома и од 16 ќе го почне настапот на турнирот во Струга. 
Таму уште во првото коло за противник го има актуелниот освојувач на двојната круна, тимот на Вардар. Потоа во групата ќе игра уште и со екипите на Целје Пивоварна Лашко и Бутел Скопје. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk