ТОП ЛИСТА: Узбекистан има нај стрелец на СП

Заврши прелиминарниот дел на Светското кадетско првенсво во Македонија. Како и секое првенство и овде на површина ќе испливаат таленти селектирани според потенцијалот, способностите, а многу важна улога ќе имаат и статистичките податоци запишани зад нив. 
Пред да се поделат екипите и посилните да играат со посилните, а послабите со послабите противници, издвоивме статистика на најдобрите стрелци и голмани до овој момент. 



На првото место на најдобри стрелци се две ракометарки. Фатеме Мерики од Иран и Севинџ Еркабаева од Узбекистан. Двете имаат постигнато по 28 гола. Иранката има подобар процент, но има и девет гола од пенал. Узбекистанката, пак, сите голови ги постигна од игра, а вообичаено тоа е критериумот што одлучува кој е прв, а кој втор. 
Најдобар стрелец во нашиот тим е Емилијана Ризоска со 18 (1) гола и одличен ефект од 75 % на реализирани шутеви
Кај Топ голманите е покомплицирано. Најмалку две категории се во игра и тоа број на одбрани и процент на одбранети шутеви. Па и тогаш е премалку кажано затоа што не може да се оцени важноста и тежината на интервенцијата, улогата на одбраната и квалитетот на противничките напаѓачи. 
Сеедно, во оваа категорија Иран има голман со најмногу одбрани, а со оглед на тоа дека ја гледавме на за нив клучниот меч можеме да кажеме дека одигра многу важна улога за пласманот во главната рунда. 
Египет има голман со најдобар процент, но и со само 21 шут кон нејзиниот гол што секако споредено со 100-те шута кон голманот на Иран е многу несразмерно. 
Погледнете ги коплетните статистики и за најдобрите стрелци и за најдобрите голмани. 





Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk