Кузмановски добива силна конкуренција

Македонскиот интернационалец Филип Кузмановски би можел да добие силна конкуренција на позицијата лев бек во неговиот клуб Хановер сезонава. 



Владислав Кулеш, бекот што предвреме го раскина договорот со Келце со соодветна отштета, би требало да се пресели во Хановер според извор на колегата од Балкан Хендабл и така да стане конкуренција за минутажа на позицијата лев бек на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Белорусинот потпишал договор со клуб што не е од европскиот врв како што изјави претседателот на Келце, а дали ќе биде Хановер, ќе се дознае наскоро.

За волја на вистината, Филип Кузмановски во Хановер е заведен како централен бек, па во теорија Кулеш не би требало да биде директна конкуренција, но сеедно, македонскиот ракометар игра на две позиции, а секоја минута на терен е драгоцена. 

Од Хановер летово на споменатата позиција замина Фабијам Бом, но на неговото место дојде Маријан Михалчик, а ако дојде и Владислав Кулеш тоа е веќе сериозна конкуренција за повеќе минути во игра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk