Мукаетов: Македонија ќе биде одличен домаќин

Светското кадетско првенство во женска конкуренција (У18) го имаше својот премиерен ден во Скопје. Ова е осмо светско кадетско првенство, а Македонија е по втор пат домаќин. Единствено Словачка уште била двапати домаќин и тоа е показател за посветеноста и желбата да им се обезбеди на младите ракометарки полесен прогрес. 
Македонија првиот пат беше домаќин во 2014, тогаш се играше во Скопје, Охрид и Струмица, а нашата екипа не ја мина првата рунда, па подоцна играше и го освои Президент Куп. 



Ова е поинакво првенство на кое за прв пат се игра со самолепливите топки на Молтен, прво СП со 32 репрезентации, прв мундијал на кој се применуваат промените на правилата. 


Пред натпреварот меѓу Македонија и Сенегал, првиот човек на РФМ имаше обраќање пред присутните. Мукаетов се заблагодари за довербата од ИХФ за овој шампионат, на сите учесници им посака добредојде и среќа на натпреварите и посочи дека Македонија ќе биде одличен домаќин.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk