Алкалоид почна со тренинзи

Алаклоид е екипа која привлекува многу внимание уште од првиот момент кога се појави на сцената. Деби сезоната ја заврши доминантно во Прва лига, обезбеди директен пласман во Супер ллига, а сега почна подготовки за уште една деби сезона - како суперлигаш.



Алкалоид за прв пат во новата сезона се собра во „Автокоманда“. Нови лица и на клупа и на терен.  Засилувањата се главно репрезентативци предводени од селекторот. Официјалната промоција ќе ја имаат во текот на  следниот месец кога ќе се комплетираат. 
Претходно ќе ги видиме и во живо на 50 турнир на Струга. 
Ќе играат во група со Вардар, Бутел Скопје со кои се и во првенствената група и со единствениот учесник во ЛШ - Целје Пивоварна Лашко. 

Потоа одат на турнир во Србија, по што стартува и домашното првенство. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk