Пешевски: Доаѓам со полн куфер желби и амбиции

Голема заврши битолскиот Еуорофарм Пелистер летово со договорот со кој од Бундес лигата го враќа назад во Македонија репрезентативниот пикер Жарко Пешевски. Корпулентниот линиски напаѓач дојде во Битола од Штутгарт и ги почна подготовките со новиот тим, за кого има само пофални зборови: 



„Не размислував долго кога почнаа преговорите, видов максимална заинтересираност. Најдовме заеднички јазик и дојдов во Битола. Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби и мотивиран сум да помогнам во овој амбициозен клуб. Еурофарм Пелистер расте во последните четири години откако заминав од Македонија во Бундеслигата. Верувам дека ќе помогнам да почне овој клуб да освојува титули и да го заземе местото кое го заслужува. 
Со голем респект и ние Македонците кои работевме во странство, така и сите ракометни работници, гледаат на овој клуб. Еурофарм Пелистер од ден на ден расте во сериозен клуб, клуб во кој одлично се работи и секоја нова сезона амбициите и апетитите растат. Оваа сезона е идеална шанса да ги оствариме желбите во целост“, изјави Жарко Пешевски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk