Е. Пелистер го откри новиот состав и тргна со подготовки

Екипата на Еурофарм Пелистер, еден од двата сериозни кандидати за шампионски пехар следната сезона денеска стартуваше со подготовките. 



Прв пат под водство на тренер од Данска, екипата на Е. Пелистер од денеска е во тренажен процес. Големи измени имаше во играчкиот кадар кој ланската сезона беше многу блиску до освојување на пехар, но на крајот на клучните натпревари Вардар беше за нијанса подобар. 
Годинава Вардар е во криза, нема да игра во Европа, најавените засилувања не дојдоа, а играчкиот кадар почна да се осипува. 

Во Битола, пак, се гради нов тим. Еурофарм Пелистер вака ќе изгледа следната сезона: 

РК Еурофарм Пелистер 2022/23
Дојдоа: Усама Хосни (Истр), Урбан Лесјак (Хановер), Вилсон Дејвис (Иври), Руди Сери (Рен), Денис Васиљев (Мотор Запорожје), Жарко Пешевски (Штутгарт), Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Заминаа: Никола Маркоски (Алкалоид), Елмир Граџан (Олимпијакос), Стипе Мандалиниќ (АЕК Атина), Мартон Секељи, Јосип Периќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш (Татабања), Реиние Табоада (Фредериција), Филип Ивановски (Бутел Скопје),

Повикани ракометари за подготвителниот период:
Голмани:
Урбан Лесјак, Марко Кизиќ
Леви крила: Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски
Леви бекови: Руди Сери, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорговски
Средни бекови: Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ, Марио Танкоски
Десни бекови: Усама Хосни, Павле Петровиќ
Мартин Велковски (рехабилитација, ќе се приклучи кон екипата во месец август)
Десни крила: Мирко Радовиќ, Ненад Костески
Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Денис Васиљев
Дефанзивец: Милорад Кукоски
Стручен штаб:
Тренер
: Ларс Валтер
Асистент тренер: Божидар Мојсов
Тренер на голмани: Ице Соколески
Кондиционен тренер: Александар Марковски
Физиотерапевти: Филип Милевски и Христијан Стојановски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk