Замина од Т. Пролет, потпиша за Ловќен

Црногорскиот бек Жарко Пејовиќ нема да игра за скопски Тинекс Пролет следната сезона. 


Втората авантура на црногорскиот централен/лев бек Жарко Пејовиќ во Македонија траеше само една и пол сезона. 
Откако во 2010/11 играше за Вардар, минатата дојде во екипата на Т. Пролет. Во скопскиот тим дојде на полусезона, во ноември во сезоната на најголем успех (3 место).
Тинекс Пролет имаше високи цели и годинава, но работите не одат секогаш по планот, а место во битка за Европа, Т. Пролет остана во Плеј аут шампионатот, па логично почна и мини ремонт на екипата за следната сезона. 

Жарко Пејовиќ не е дел од тие планови. Клубот има свои, тој има свои планови и следната сезона овој 36 годишен бек ќе игра во екипата на Ловќен од Цетиње. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk