Се разделија Египет и Парондо!

Само еден ден откако со Египет го освои шампионатот на Африка, Роберто Гарсија Парондо заминува од клупата на Египет. 


Соработката што изгледаше идилична и успешна, има неочекуван пресврт и крај. Роберто Гарсија Парондо нема да го води Египет на следното СП, иако вчера со освојувањето на осмата титула шампион на Африка, обзбедија директен пласман на мундијалот.

Вечерва, претседателот на Египетската ракометна федерација во живо на ТВ изјави дека соработката со Парондо престанува, односно нема да биде продолжена, заокружено со настапот на Египет на Африканскиот шампионат. 

Гарија Парондо, следната сезона ќе има само една функција, а тоа е тренер на бундеслигашот Мелзунген. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk