Дибиров се одјави, Вардар остана со само еден шампион

„Драги пријатели, веројатно ќе треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас, ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома“ - Тимур Дибиров се поздрави со македонските фанови. 



Тимур Дибиров по девет сезони минати во Вардар ќе го замени црвено-црниот дрес на двократниот европски првак, со сино-белиот на ППД Загреб, единствениот тим во Европа што секогаш бил шампион на својата држава. 



Тимур Дибиров се одјави од македонскиот клупски ракомет. Не би рекле дека е „збогум“, нешто ни вели дека повторно ќе го видиме во Скопје, затоа „довидување“ е можеби поприкладниот избор. 

Како и да е, следниот пат кога ракометарите на Вардар ќе се постројат до центарот на теренот за да им отпоздравуваат на гледачите кога најавувачот ќе го прочита нивното име, на теренот ќе има само еден играч со шампионско педигре. 
Столе Стоилов, како капетан кој последен останал на бродот  е капитен кој е и последниот активен играч што остана во клубот, од двете генерации, таа од 2017 и 2019 година кога Вардар ја покоруваше Европа. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk