Кој е најпопуларен ракометар на светот?

Во дигиталното време во кое живееме постојат низа начини да се одреди рејтинг, популарност да се избројат и пребројат бројките што статистички покажуваат кој е најпопуларен играч во моментов. 
Јасно, ниту една таква статистика комплетно не соодвествува со реалноста, па сепак ...



Египетскиот ракометар Али Зеин е убедливо најпопуларниот ракометар во моментов гледајќи го бројот на следбеници на социјалната мрежа, конкретно на ФБ. 
Египетскиот ас е првиот ракометар што ја мина границата на следбеници од 1 милион. 

Направивме мала споредба со бројот на следбеници на други ракометари што ги сметаме за популарни и второто место не е никакво изненадување е за Никола Карабатиќ кој има 615.000 следбедници. Понатаму е тешко да се следи листата, Микел Хансен на пример кој со сигурност е еден од најпопуларните, на ФБ и не е толку следен - има „само“ 87.000 следбедници. Повеќе од него има Лука Карабатиќ на пример, 90.000. 
Лик Абало е далеку пред нив со 241.000 следбедници. 

На Инстаграм, каде што истиве играчи имаат свои профили, бројките се поинакви. Таму Микел Хансен со 321.000 следбедници е најдобро рангиран од споменатите играчи. Никола Карабатиќ има 254.000, Али Зеин има „само“ 175.000 следбеници, Лик Абало има 123.000.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk