Казни во Букурешт, Словачка си најде селектор Шпанец...



Шпанскиот тренер Фернандо Гурих е нов селектор на репрезентацијата на Словачка. Гурих доаѓа на местото на Петер Кукучка, тој поднесе оставка откако во квалификациите за СП 2023, неговата селекција беше сензационално елиминирана од аутсајдерот Белгија. 

Десниот бек на репрезентацијата на Чешка, играч што ни предизвика доста проблеми во баражите за СП, Томас Пирох следната сезона ќе игра во екипата на Висла Плоцк, тим што доби вајлд карта за Лигата на шампионите. 

Ракометарките на ЧСМ Букурешт ќе бидат казнети од платите за неуспехот во последната сезона. ЧСМ Букурешт требаше да се пласир на Ф4 во Будимпешта и да биде домашен шампион за управата да биде задоволна. Не оствари нуту една цел, па романските медиуми шпекулират дека казната ќе изнесува 40% од последните две плати.

Чамила Мичијевиќ, една од најдобрите ракометарки на Хрватска ќе мора да паузира до април. Страдаше нејзиното колено и таа ќе ја пропушти речиси цела сезона, вклучително со Европското првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. 

Барса „Б“ го продолжи за една година договорот со Пабло Урдангарин. Тој е внук на шпанскиот крал и син на принцезата Кристина Инфанта. Негов татко е поранешниот ракометар на Барса, Инаки Урдангарин. 

Не само машките, туку и женските тренери од Шпанија почнуваат да добиваат на цена. Монтсе Пуче, некогашната шпанска ракометарка, сега тренер на Бера Бера прави егзотичен, ориентален трансфер, ќе биде новиот селектор на женската репрезентација на Иран. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk