Алкалоид ќе игра на струшкиот турнир

Летово ќе биде организиран 50 турнир во Струга. Турнир што е меѓу најстарите во Европа. Досега се познати и потврдени седум екипи.



Новиот суперлигаш Алкалоид е последниот потврден учесник на Струшкиот турнир. Останува само уште едно место отворено место за да се комплетира списокот од осум екипи што ќе настапат летово, од 16 до 20 август на „Женска плажа“ во Струга. 

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и домашната Струга се другите три домашни претставници, а гости од странство ќе бидат екипите на Целје Пивоварна Лашко, Татран Прешов и грчкиот вице-шампион АЕК Атина. 

Турнирот во Струга одбележува 50 издание и спаѓа во редот на турнирите со најдолга традиција, односно најмногу изданија во Европа. Нема до толку прецизна евиденција во европскиот ракомет за да можеме да го споредиме со други турнири. Како податок, имаме дека единствено турнирот во Добој има повеќе изданија од струшкиот засега. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk