СЕХА: Вардар со Нексе, Е. Пелистер со Мешков за „Ф4“

СЕХА Газпром шампионатот ќе продолжи со 1/4 финални пресметки на кои ќе се натпреваруваат и двата македонски претставника Вардар и Еурофарм Пелистер. Интересен момент, во лигата продолжува да се натпреварува и Мешков Брест од Белорусија. 



СЕХА шампионатот ќе продолжи и во периодот меѓу 8 и 25 август ќе се одиграат 1/4 финалните натпревари по што ќе бидат познати и екипите што ќе настапат на Фајнал Фор турнирот. 
Продолжувањето на првенството го најави менаџерот на Вардар, Михајло Михајловски, на последната прес конференција одржана во Скопје пред десетина дена. 

На денешниот состанок тоа е потврдено, а одредени се и 1/4 финалните парови. Вардар исто како и лани, се среќава со Нексе. Битолчани ќе играат во Белорусите. Ќе се игра само еден натпревар, а домаќините беа одредени со ждрепка. 

1/4 финале
Вардар 1961 - Нексе
Е. Пелистер - Мешков Брест
Татран - Веспрем
Војводина - ППД Загреб

Победниците од овие натпревари ќе се пласираат на Фајнал фор турнирот што и оваа година ќе се одржи во хрватскиот Задар во периодот од 2-4 септември.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk