Нов закон: Крај за романските дрим тимови?!

Министерот за млади и спорт на Романија, Карол Новак, потпиша закон со кој сите романски клубови, со исклучок на фудбалските се задолжуваат од сезоната (2023/24) да имаат најмалку 40% романски играчи во тимот. 



Ако законот профункционира така како што е замислен, тоа ќе значи крај за романските дрим тимови, како што е ЧСМ Букурешт на пример кој имаше 15 странски играчи минатата сезона. 
Но, веројатно ќе се најдат многу начини како тоа да се заобиколи, а и веројатно се коси со европските закони.
Сеедно, „Законот на Новак“ беше со раширени раце пречекан од помалите клубови, кои вака гледаат шанса да се израмнат со побогатите. Еден од нив е Залау, на чија клупа е Георге Тадичи (70), најтрофејниот активен романски тренер.

„Конечно! Ќе заврши ограбувањето на романските граѓани. Не може во еден клуб да има пет-шест Французинки. Тие да земаат огомни плати, да им биде платено сместување, оброци, опрема, сали и тренинзи и сето тоа од џебовите на романските граѓани и на крајот да одат и да играат за репрезентацијата на Франција“, изјави Тадичи за романските медиуми. 

Ако не знаевте: Во Романија клубовите воглавно живеат на сметка на општините и министерствата... и живеат раскошно. Женската романска лига е најскапата во светот. Таа е лига во која првите пет клуба имаат буџет поголем од еден милион евра, а целата Лига веројатно е над 15 милиони евра. 
Само ЧСМ Букурешт, за машкиот, женскиот и младинските екипи има буџет од околу 6 милиони евра. Од нив, повеќе од пола се за женскиот тим. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk