Ќе игра на СП, само ако е 100% спремен

Сандер Сагосен, најдобриот норвешки ракометар имаше втора операција на зглобот на ногата и ќе паузира во следните пет-шест месеци. Дали ќе игра на СП каде што Норвешка уште во првото коло се среќава со Македонија?



Теоријата вели дека Сагосен би можел да биде спремен за настап на СП 2023. Но, ако читаме меѓу редови, тоа нема да се случи. 
Едноставно Сандер Сагосен е премногу драгоцен за Норвешка и Кил односно Колстад за да биде фрлен во оган по секоја цена на мундијалот во Краков. И тоа на дуели со Македонија, Аргентина и Холандија, репрезентации за кои Норвешка со сигурност смета дека ќе ги доби и без помош од својот најдобар играч. 

„Сигурно нема да ризикуваме ништо со што би го загрозиле текот на рехабилитацијата или кариерата. Ќе игра само ако бидеме 100 % сигурни дека е комплетно заздравен и спремен за настап изјави новоизбраниот норвешки селектор Јонас Виле.
Гледајќи од наш агол и на Јонас Виле сигурно не му е сеедно и ќе внимава на својот прв настап како селектор да (не) ризикува на норвешкиот бисер да му се случи нешто, а потоа тој да биде посочен како одговорен.

 

Ако не знаевте: Во целата бркотница со повредата, прва операција, па втора операција, Сандер Сагосен најде време и (да) се ожени. Неговата избраничка е Хана Бреда Офтедал. Таа е сестра на Стине Бреда Офтедал, (ракометарка на Ѓер) и беше врвен норвешки потенцијал и играч, но во 2019 поради повреда мораше да ја прекине кариерата. 


Теоретски, Сандер Сагосен има шанса да настапи на СП. Тој очекува пауза од пет - шест месеци, прашањето е дали ќе бидат пет или шест. Ако по пет месеци веќе не е на тренинг, тогаш ќе го прецртаме од списокот на учесници за мундијалот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk