Сензација на М20 ЕП: Фарски ја средија Данска!

Судејќи според утрото, не е далеку и денот кога Фарски острови ќе играат (по)важна улога во европскиот ракомет. 


Сензација уште на првиот меч на М20 Европското првенство во Португалија. Репрезентацијата на Фарски острови, предводена од ракометарот на шведскиот Савефоф, Елијас Елифсен а Скипаготу ја совлада Данска! Конечниот резултат е 33-32 (15-15). Елијас Скупаготу постигна девет гола, додека најефикасен на мечот беше данскиот ракометар Томас Арнолдсен (Архус) кој беше стрелец на 13 погодоци. 

Ако не знаевте: М20 екипата на Фарски острови е првиот тим од оваа земја што ја победил Данска во колективен спорт на официјален натпревар во кој било голем спорт (фудбал, кошарка, одбојка, ракомет) во историјата. 


На вториот меч што се играше од 13 часот, Шведска лесно ја декласираше репрезентацијата на Црна Гора 31-19 (16-11). 
Во одбрана на црногорскиот состав ќе кажеме дека имаат проблеми со Ковид, а на овој шампионат нема да сметаат ниту на најдобриот играч, сениорскиот репрезентативец од Целје Пивоварна Лашко, Радојица Чепиќ. Тој е фокусиран на трансферот во Вецлар, а е играч што може да направи разлика. За Црногорците настапи новиот голман на Е. Пелистер 2, Василије Печурица.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk