Не стигнавме до медал на Медитеранските игри

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 29-34 (13-15)
Македонија
:
Кизиќ, Гогов, Ѓоргиев 2, Костески 2, Младеновиќ, Јагуриноски 3, Стојковиќ 2, Петар Атанасиевиќ 4, Џонов 2, Митев, Петковски 3, Иваноски, Серафимо 3, Симоноски, Павле Атанасиевиќ 1, Петров 5

Машката репрезентација на Македонија не успеа да освои медал на Медитеранските игри. На денешниот дуел со Србија за бронза, македонските ракометари загубија ... и на конечниот пласман го освоија четвртото место. 

Македонија денеска одигра одлични 20 минути во кои беше подобар, поорганизиран тим со поквалитетна игра, иако противникот е со поискусен состав во Алжир. 

Македонија водеше со два до три гола разлика во текот на најголемиот дел од полувремето. Водевме 6-4 при што не реализиравме полуконтра (пробивање) и зицер (одбрана). Васил Гогов беше одличен на голманската позиција и еден од главните фактори што бевме во предност. 
Македонија имаше и 9-6 и неколку нереализирани напади за плус четири. Во овој период се примети дека одиме во надолна линија. Недостасуваше решителност, фалеше потег што ќе го крене тимот. Нападите станаа предолги, без ризик да се загуби топка, но и без опасност за противникот. 
Лазаров се обиде со тајм аут да ја разбуди екипата, но развојот на настаните не одеше во прилог. 

Васил Гогов имаше одлична партија во мечот за бронзен медал

Србија успеа во 22 минута да израмни 10-10, но Македонија не им ја даде контролата. Тоа се случи околу 25 минута кога престрого останавме добри четири минути со два играча помалку, во еден момент имавме и три исклучувања истовремено. 
Тука противникот успеа да поентира и да поведе 12-11, а до крајот откако промашивме уште неколку чисти шутеви, Србија на одмор замина со два гола предност (15-13).

Во вториот дел не се промени којзнае колку играта. Поранешниот голман на Војводина, ППД Загреб сега на Кретеј од Франција, Тодор Јандриќ имаше свои моменти во овој дел од мечот, па во 44 минута, Србија веќе имаше комотно водство 25-20.
На десет минути до крајот разликата се зголеми 23-30, по што беше јасно дека нема да освоиме медал. 
На четири минути до крајот при резултат 26-30 имавме напад, но стативата спречи да внесеме поголема неизвесност во финишот.  Следеше гол за 26-31, па одново Јандриќ симна зицер, по што примивме гол за 26-32... 

Подвлечено од овие Медитерански игри. Со оглед на тоа дека имавме тим што со минус Петров (30), Јагуриноски (23) и Џонов (24) е составен од играчи што се на возраст од 18-22 години можеме да бидеме задоволни од тоа како изгледаше и како одигра репрезентацијата. Сите други екипи, посебно тие што не успеавме да ги победиме имаа повозрасни ракометари и нема по што да жалиме. 
Видовме убава игра, победувавме, бевме рамноправни и кога губевме, барем во добар дел од натпреварите беше така. 
Ова се играчи што конкурираат да се приклучат на првиот состав и натпреварите од МИ сигурно ќе им се добредојдени. Лазаров има многу материјал за работа. Наскоро следат јуниорскиот и кадетскиот ЕХФ Шампионат, па квалификациите за ЕП 2024, мундијалот во Полска... 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk