Вести: Трансфери на Атман, Мораеш, на нигерскиот бек на Бутел...

Русија и Белорусија ќе формираат заедничка ракометна лига. Таа ќе функционира посебно од првенствата и ќе се игра во периодите во кои клубовите вообичаено играа во Европските купови.
Екипите на Мешков Брест, СКА Минск, Машека и Гомељ ќе играат против најдобрите четири руски екипи во термините одредени за европските купови. 



Официјално е потврден трансферот на голманот на Нант, Емил Нилсен во Барса. 

Бразилскиот пивот Рожерио Мораеш следната сезона ќе игра под команда на Гарсија Парондо во бундеслигашката екипа Мелзунген. Ова е втор пивот на Вардар, по Глеб Калараш кој оди во составот на Парондо.

Павел Атман најави дека неговата кариера нема да заврши по заминувањето од ЦСКА. Русинот кој играше за Металург и Вардар, следната сезона ќе биде соиграч на Градимир Чаневски во Макаби Ришон Лезион од Израел. 

Јусуф Фарук, десниот бек репрезентацијата на Нигерија што играше во Скопје на јуниорскиот шампионат од Келце се сели во Гранољерс и следните две сезони ќе се кали во Шпанија. 
Јусуф Фарук пред да потпише за Келце, потпиша за скопски Бутел, но не се врати по втор пат во Македонија. 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk