Барса го враќа во Игропуло во тимот

Интересна вест доаѓа од каталонското радио кое што има добри конекции со екипата на Барса. Карлос Антонио Ортега добива нов асистент. И тоа не кој било. 



Русинот Константин Игропуло, ракометар кој првата година од тренерската кариера ја мина на клупата на Динамо Виктор ќе биде новиот асистент на Ортега на клупата на Барса. 

Игропуло и Барса не се непознаници, Русинот дел од својата кариера (2012-2012) беше дел од Барселона пред да замине за екипата на Фуксе Берлин, од каде што почна залезот кој го одведе Колдинг, Мешков Брест и Висла Плоцк пред да стави крај и да го преземе тимот на Динамо Виктор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk