Португалската ѕвезда оди во Франција

Пред точно четири години, на М20 ЕХФ ЕУРО во Словенија, прв пат блесна португалска млада репрезентација. Португалците сметани за аутсајдери ја совладаа Франција со Дилан Наи, Елохим Пранди, Кристијан Вилмино, потоа ја совладаа Данска со Матијас Гидсел... дотуркаа до полуфинале каде што Словенија со тогаш одличните Оцвирк и Макуц, малку на сметка на домаќинството се протна во финале. 




Три играчи на Португалија се покажаа на тој турнир. Пикерот Луиш Фраде, левиот бек Андре Гомеш и десниот бек и најдобриот во тој момент меѓу нив - Диого Силва. 
Кариерите не им отидоа во ист правец. Најдобро пројде пикерот Луиш Фраде кој сега игра за Барса, потоа Андре Гомеш се изнаигра во Порто, па направи трансфер во Мелзунген додека Диого Силва согласно политиката на Порто со У20 играчите одеше на позјамица, беше во Целје, па во Португалија, па се повредуваше за конечно денеска да потпише за Екс Прованс, познато француско ракометно. прибежиште. Одлично место за рестарирање на кариерата и нов почеток. 

Ако не знаевте: Сите три споменати ѕвезди на Португалскиот М20 тим од 2018 година, сезонава ја минаа во најголем дел вон терен поради повреди. Најлошо мина пикерот Фраде кој не играше повеќе од шест месеци. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk