Прва лига спремна за ждрепка

Зголемена заинтересираност, шест нови клубови во Прва лига од кои четири се сосема нови суперлигашки субјекти, а два клуба се враќаат на сцена. Ждрепката ќе се одржи во четврток.



Прва лига и покрај тоа што испрати пет екипи во повисок ранг летово, следната сезона ќе биде поголема од минатата.
Дваесет клуба ќе брои прволигашката конкуренција, ќе бидат поделени во две групи, а ждрепката ќе се одржи во четврток. 

Шест нови клубови ќе има проволигашкото друштво. Ринија и Овче Поле се враќаат во системот на натпреварување, а четири сосема нови клубови се појавуваат на сцената. 
Тоа се Мулти Есенс, Голден Арт 2, Ангели Волково и Бисинов. 

Екипите според пласманот минатата сезона ќе бидат поделени во два шешира, новите имиња ќе бидат меѓу последно рангираните. 

1 ШЕШИР: Аеродром и Младост 1977
2 ШЕШИР: Драчево и Работнички
3 ШЕШИР: Металург РА и Јехона
4 ШЕШИР: Македонија Ѓ. П. и Астраион
5 ШЕШИР: Борец и Текстилец
6 ШЕШИР: Кичево 2020 и Преспа
7 ШЕШИР: Шампион и Партизан 
8 ШЕШИР: Бисинов Фруит и Ангели Волково
9 ШЕШИР: Мулти Есенс и Голден Арт 2
10 ШЕШИР: Овче Поле и Ринија M

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk