Уште една легенда кажа „крај“!

Даниел Сармиенто (38), легендарен шпански ракометар, денеска објави дека нема повеќе да игра. 


Кирил Лазаров, Александер Петерсон, Мишел Гигу... денеска добија нов член во друштвото за кое покана е да објава за крај на кариерата.

Даниел Дани Сармиенто, централниот бек на Шпанија кој во ризницата има две европски и едно светско злато, светско сребро, олимпика, светска и европска бронза и се што можеше да се освои со Барселона од 2009 до 2016 година објави крај на кариерата. 

Сармиенто откако замина од Барса, последните шест сезони ги играше во дресот на Сан Рафаел на азурниот брег во Франција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk