КАРМА: Македонија пак против нови селектори

Интересен момент е поврзан со репрезентацијата на Македонија во последниот период. Кирил Лазаров тактика мора да спрема против нови селектори. Тоа понекогаш е добро, понекогаш - не. 
Добро: Екипите понекогаш немаат време да се прилагодат на системот на новиот тренер.
Лошо: Новитети во играта за кои Лазаров на пример нема доволно материјали и информации за да спреми против игра.



Кога Македонија ја доби Романија за противник во првиот бараж, Романците имаа нов селектор. Хавиер Пасквал се врати назад на клупата само неколку месеци пред дуелот со Македонија. 

Потоа Македонија се пласираше во Бараж 2, а таму ја чекаше Чешка. Чесите имаа нов селектор Хавиер Сабате своите први официјални натпревари ги имаше против Македонија. 

Македонија во јануари ќе игра со Норвешка, Холандија и Аргентина.
Сите три репрезентации ќе имаат нови селектори. 
Во Норвешка, Јонас Виле го замени Кристијан Берге и се уште нема дебитирано на клупата на Норвежаните.. 
Холандија пред еден месец се раздели со исландскиот тренер Ерлингур Ричардсон кој беше на нивната клупа од 2017 и успеа да ги направи хит на последното ЕП. Се уште нема назначено нов селектор. 
Аргентина назначи нов селектор, а тој се уште нема една година стаж на кормилото на овој тим. На местото на Маноло Каденас дојде неговиот асистент Гиљермо Милано, во септември 2021. 
Во март ќе играме квалификации со Португалија, а најавено е дека по СП 2023 и тие ќе менуваат селектор. 

Единствени исклучоци се Луксембург и Турција со кои ќе играме во октомври. 
Малку недостасуваше и Луксембург да се приклучи на приказнава. Тие пред пет дена, по неколку часа дебатирање, сепак, одлучија да му дадат уште една година договор на Никола Малешевиќ кој е нивни селектор од 2018 година. 
Окан Халај од Турција засега останува на чело на оваа репрезентација. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk