Македонија е во полуфинале на Медитеранските игри

Машката репрезентација на Македонија се пласираше во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Таму не чекаат, Гарсија Парондо, Карим Хендави и речиси комплетниот Египет. 


Шпанија вечерва си ја заврши својата работа, го совлада тимот на Алжир 31-19 (22-7) во последното коло од групната фаза, а за Македонија тоа значи пласман во полуфиналето на Медитеранските игри. 

Македонија досега запиша две победи (Грција, Турција), одигра нерешено со Алжир и загуби од Шпанија. Освоивме пет бода, а вкупната гол разлика на нашиот тим е +18, што подобра од таа на Алжир кој имаше плус 15 пред да се сретне со Шпанија и исто така пет бода. 

Денеска Алжирците беа поразени и Македонија се пласираше во полуфиналето на Медитеранските игри. Таму ќе играме против Гарсија Парондо и речиси комплетниот најсилен тим на Египет. Нив од идеалниот состав им недостасуваат единствено играчите што играа на Фајнал фор, а тоа се Али Зеин од Барса и Омар Јахија од Веспрем. Со други зборови, Египет е овде со Ал Ахмар, Карим Хендави, браќата Јахиа и Сеиф Елдера, потоа најдобриот стрелец од СП Македонија Хасан Кадах итн. 

Во другото полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Србија. Победниците ќе играат за злато, поразените за бронзен медал. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk