Лазаров: Тешка група, но верувам во невозможни мисии

Македонската ракометна репрезентација дефинитивно нема причини да се радува со исходот на ждрепката и групата во која се Норвешка, Аргентина и Холандија. Три репрезентации продолжуваат во следниот круг



Најизедначена и со тоа и најтешка група на следниот мундијал ќе биде групата „Ф“ во која игра Македонија. Тука некаде блиску е и групата во која се Исланд, Португалија, Унгарија и Кореја, но Корејците веќе не се толку силни, па тоа што ќе се игра во Краков е поизрамнето. 

„Многу интересна и тешка група за нас. Не можам да бидам објективен, затоа што нашата репрезентација за прв пат ќе настапи без ракометари од калибарот на Миркуловски, Стоилов, Лазаров.. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на шампионите, затоа што некои од нашите репрезентативци остануваат без потребните силни натпревари во текот на сезоната и пред почетокот на СП. 
Не ни останува ништо, освен да почнеме да го оформуваме ликот на новата репрезентција на Македонија. Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред. 
За Норвешка не треба да трошиме зборови, Холандија беше хит на последното Европско првенство. Аргентина со години знаела да прави големи проблеми и на посилни репрезентации од нашата. 
Ќе се фокусираме на себе и нашата селекција и ќе работиме на тоа што подобро да се подготвиме за настапот на СП“, вели селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk