СП 2023: Македонија во многу тешка група

Македонија ги доби противниците за Светското првенство што во јануари ќе се игра во Шведска и во Полска. Денеска со ждрепка одржана во Катовице беа формирани осумте групи од претстојниот мундијал.



Македонија ќе игра во Краков, а за противник го има добитникот на вајлд карта Холандија, силната селекција на Аргентина и тимот на Норвешка. 
Македонија во првото коло ќе игра со Норвешка, во второто коло со Холандија и во третото коло со Аргентина. Натпреварите ќе ги играме на 13, 15 и 17 јануари. 

„А“ ГРУПА: (Краков, Полска) - Шпанија, Ц: Гора, Чиле, Иран
„Б“ ГРУПА: (Катовице, Полска) - Франција, Полска, С. Арабија, Словенија
„Ц“ ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) - Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
„Д“ ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) - Исланд, Португалија, Унгарија, Кореја
„Е“ ГРУПА: (Катовице, Полска) - Германија, Катар, Србија, Африка 5
„Ф“ ГРУПА: (Краков, Полска) - Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија
„Г“ ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) - Африка 1, Хрватска, Африка 3, САД
„Х“ ГРУПА: (Малме, Шведска) - Данска, Белгија, Бахраин, Африка 4

По одигрувањето на натпреварите од Прелиминарната рунда, првите три репрезентации од секоја група продолгжуваат во главната рунда, додека осумте последнопласирани ќе играат Президент Куп. 
Првенството ќе се игра од 12 до 29 јануари во девет градови. Четири од нив се во Полска и пет во Шведска. Финалето ќе се игра во Стокхолм, во Теле 2 Арена (капацитет за 19.000 гледачи).


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk