Битола ќе гради нова сала

Битола би требала во блиска иднина да добие нов модерен спортски комплекс во кој главната ѕвезда треба да биде нова сала. 



Битола ќе добие нова спортска сала која ќе биде дел од спортски комплекс. Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар.
Времето предвидено за изработка на решението е до први септрември 2022 година.

Целта на конкурсот е изработка на идејно решение врз основа на кое ќе се изгради спортско-рекреативен центар со што ќе се зголемил квалитетот на живот во градот Битола и регионот, согласно потребите на граѓаните, ќе се зголеми вредноста на просторот и ќе се овозможи негово квалитетно и функционално унапредување, со формирање на препознатлива целина во соодветна врска со постоечкиот контекст и идните функции и содржини на јавниот простор.

Идејното решение треба да се одликува со функционалност и применливост, со естетска карактеристика на препознатливост на градот со цел да го оплемени просторот, да ги збогати содржините и да ги привлече граѓаните да го користат. Идејата треба да биде иновативна, креативна, модерна и оригинална“, стои во објавата на Општина Битола. 

 


Гледано низ призма на ракомет, Битола со години, традиционално, го носи името најракометен град, без разлика на тоа што нивниот клуб (сега клубови) повеќе од 15 години нема освоено шампионски пехар.
Годинава, по суспензијата на Вардар од ЛШ им се отвора нова голема шанса, иако нема да им биде лесно да го симнат Вардар од тронот, особено ако се реализираат најавите на црвено-црните дека, ако не од септември, тогаш во јануари ќе доведат засилувања и ќе се обидат во Плеј оф да ја одбранат титулата. 


Сеедно, битолчани имаат голема шанса да станат шампиони, но дури и ако тоа им појде од рака - нема да можат во својата сала да играат натпревари од ЛШ. 
За следната сезона (дури и ако имаме директно место во ЛШ), на салата „Боро Чурлевски“ ќе ѝ недостасуваат 500-600 места за седење за да исполни критериум на ЛШ.
Ако треба пак да се бара вајлд карта, тогаш уште повеќе се намалуваат шансите ЕХФ да дозволи ЛШ во Битола. 
Не само тоа, туку од другата сезона, односно 2024/25 за играње во Лигата на шампиони, салата ќе мора да има четири трибини. Во некогашната „Младост“, а сега „Боро Чурлевски“ тоа не е изводливо. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk