АПЛИКАЦИЈА: Научете ги до детал новите правила

Од вчера (1 јули) во сите официјални натпреварувања под капа на ИХФ (следствено и на ЕХФ и другите континентални федерации) важат измените на ракометните правила.




Четири измени се воведени за кои веќе имаме објаснето како ќе изгледаат. Се однесуваат на пасивната игра (намалени се додавањата од шест на четири), шутот директно во глава на голман е казнив доколку играчот што шутира не е под фаул, топката е нова, самоплеплива и измената што ќе создава најмногу главоболки е модифицирањето на брзиот центар, односно начинот на кој ќе смее да се почне напад. 



Задолжителен е круг со радиус од два метра од центарот на теренот и од таа зона може да стартува нападот. Но, има неколку правила што мора да ги знаат сите играчи, тренери, судии и делегати...

ИХФ објави апликација која можете да ја симнете од вашиот „Play store“. Можете да ја најдете на следниот линк:
IHF Rule Interpretation. 

Тука преку видео записи детално е објаснето какви се измените и како ќе функционираат новите правила во иднина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk