ЛИНК: Македонија денеска во мундијалска ждрепка

Светската ракометна федерација (ИХФ) и двата органзитора на следното машко сениорско првенство, а тоа се Полска и Шведска, попладнево во 17:00 часот во Катовице, Полска, ќе ја извршат ждрепката за за групите на мундијалот што ќе се одржи во јануари.


Македонија откако ја елиминираше Чешка во вториот бараж го зазема нејзиното место и ждрепката ќе ја чека како репрезентација од вториот шешир. Избегнуваме екипи како Катар, Хрватска, Бразил, Португалија, Црна Гора, но и аутсајдерот Белгија на која и се погодија квалификациите без Русија. 

Дополнително, организаторот во маркетиншки цели имаше право во секоја група да смести по една репрезентација, го стори тоа и Македонија нема да може да игра против Франција и Африка 1, ниту пак ќе биде во групата „Б“ што се игра во Катовице и каде е домашната Полска и побитно во групата што се игра во Јоншепинг каде што од вториот шешир е Хрватска.

Се зависи од среќата, но постои реална можност да се формираат две супер силни групи. Тоа е затоа што во последниот шешир со вајлд карта на СП доаѓаат Словенија и Холандија и доколку се во иста група со некоја од европските екипи од третиот шешир (Србија, Унгарија), па и Аргентина тогаш добиваме групи во кои пласманот во следната рунда ќе биде тешка мисија за сите.

Не се познати претставниците на Африка, нив според правилата и постигнатите резултати на СП 2021 им следуваат пет места. Поради Ковид беше одложен тој шампионат и ќе се одржи во текот на јули. 

Распоред на носители:
1. ШЕШИР: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1
2. ШЕШИР: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Ц. Гора и Македонија
3. ШЕШИР: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, С. Арабија, Чиле, Африка 2 и Африка 3
4. ШЕШИР: Уругвај, Ј. Кореја, САД, Холандија, Словенија, Иран, Африка 4 и Африка 5

Домашните репрезентации имаа право да сместат во секоја група по една репрезентација, а тие се одлучија за ваков распоред:

„А“ ГРУПА: (Краков, Полска) - Шпанија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Б“ ГРУПА: (Катовице, Полска) - Франција/Афрка 1, Полска, 3 шешир, 4 шешир
„Ц“ ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) - Шведска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Д“ ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) - Исланд, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Е“ ГРУПА: (Катовице, Полска) - Германија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Ф“ ГРУПА: (Краков, Полска) - Норвешка, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Г“ ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) - Франција/Африка 1, Хрватска, 3 шешир, 4 шешир
„Х“ ГРУПА: (Малме, Шведска) - Данска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир



Ждрепката ќе биде директно пренесувана и ќе можете да ја следите со клик на видеото. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk