Македонија на чекор до полуфинале на МИ

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 31-22 (13-12)
Македонија
: Кизиќ, Гогов 1, Џонов 2, Пет. Атанасијевиќ 4, Младеновиќ, Пав. Атанасијевиќ, Митев, Ѓоргиев 4, Серафимов 2, Јагуриноски 1, Иваноски, Костески 2, Петковски 11, Стојковиќ 1 Петров 2, Симоноски 1



Македонија е на чекор до пласман во полуфиналето. Нашите играчи го одиграа последниот натпревар од групната фаза на Медитеранските игри во Оран. Противник на нашиот тим на последниот меч пред реасплределбата на местата за пласман беше селекцијата на Турција. Македонија победи и сега за пласман во полуфиналето ќе го очекува утрешниот расплет на дуелот меѓу Алжир и Шпанија. 

Македонија отвори подобро и водена од Александар Петковски кој беше и изведувач на седмерците на овој меч, поведе со 6-2 по 12 минути игра. 
Во следните пет минути Турција беше подобриот противник и со серија од 4-0, израмни на 6-6. 

Македонија до ново водство од плус три (10-7) дојде во 22 минута со гол на Игор Ѓоргиев од контра напад. Успешно го браневме водството во следниот период, но во финишот на полувремето Турција успеа да намали на 12-13 што беше и резултат со кој се отиде на одмор. 


Македонија се разигра во вториот дел. Уште од почетокот воспостави комплетна контрола, направи серија 9-3 и поведе со седум гола разлика (22-15). Петковски веќе имаше 10 гола на 10 минути до крајот, а Македонија водеше 28-19 во последните осум минути од мечот. 


Алжир ја совлада Грција 35-25 и сега има освоено пет бода и гол разлика 91-76 (+15). Македонија има исто така пет бода и гол разлика 116-98 (+18). 
За пласман во полуфиналето на Македонија и е потребна каква и да победа на Шпанија над Алжир на мечот што се игра утре. 
Ако се пласираме во полуфналето, таму ќе се сретнеме со репрезентацијата на Египет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk