Женскиот тим поразен и од Србија

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 18-26 (8-10)
Македонија: Јовановска, Чурлиновска, Џатевска, Марија Јанкуловска, Дукоска 5, Миновска 1, Кипријановска 5, Арсениевска 3, Бојана Коцева, Коловска, Ангела Јанкуловска, Борјана Коцева, Седлоска 3, Ризоска, Младеновска 1



Женската репрезентација на Македонија е поразена во второто коло од Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир. Подобра од нашиот состав беше репрезнтацијата на Србија 26-18 (10-8). 

Првиот дел беше израмнет 20 -тина минути по што слично како на средбата со Турција следеше краток лош период што потоа беше ненадоместив. Македонија по 6-7 влезе во минус серија од 3-0 и поведоа со 10-6 ракометарките на Србија предводени од новиот играч на Баја Маре (Вукајловиќ) и крилото на Будаорш (Јововиќ) кои заедно постигнаа 13 гола. 

Македонија до полувремето намали на 8-10, а во вториот дел успеа и да израмни и да води интензивна битка 15-тина минути. Нашиот тим неколку пати израмнуваше, последен пат на резултат 16-16 во 42 минута.
По ова следеше многу лош период во кој противникот направија серија од 7-0, поведе со 23-16 и ги реши сите дилеми. Македонија до крајот на мечот постигна само уште два гола за 18 минути и не успеа да биде резултатски порамноправна.

Дукоска и Кипријановска имаа добро остварување на денешниот меч. Постигнаа по пет гола што е повеќе од половината за нашиот тим. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk