Словенија се повлече среде Медитерански игри

Машката репрезентација на Словенија нема да ги доигра Медитеранските игри. По два натпревара, Словенците се пакуваат и се враќаат дома. 



По два одиграни натпревари, на кои факт беа поразени и немаше да играат битна улога до крајот на Медитеранските игри, машката репрезентација на Словенија одлучи да се врати дома. 

Ковид 19, вирусот на кој подзаборавивме се уште е тука. Двајца ракометари на Словенија покажале симптоми и биле позитивни. Потоа целиот тим решил да се тестира и добиле уште пет нови случаи. 
Со седум играчи во изолација, Словенците донесоа одлука дека треба да прекинат со настапот на Медитеранските игри и се враќаат назад. 
Словенија играше со Србија и со Тунис и прашање е дали сите играчи и од овие две репрезентации се негативни. 

Ако не знаевте: Ова е втор случај за два дена ракометна репрезентација да се повлече од натпреварување. Претходно на У20 Светското првенство што се игра во Словенија, репрезентацијата на Австрија се повлече поради бројни случаи на Ковид. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk