Формирани групите од Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација со ждрепка ги одреди групите од Лигата на шампионите за следната сезона. По 22 години Македонија нема да има претставник во најсилното европско натпреварување. 



Втор пат без македонски претставник, прв пат по 22 години, денеска беа формирани групите од Лигата на шампионите во машка конкуренција. 
Системот останува непроменет, две групи со по осум екипи од кои првите шест продолжуваат во елиминациска фаза која, пак, финишира со Фајнал фор турнир што се игра на неутрален терен, во Келн. 

Единствен македонски играч во Лигата на шампионите следната сезона ќе биде Никола Митревски кој ќе брани за екипата на Порто. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk