Пораз од Шпанија во третото коло од МИ

МАКЕДОНИЈА - ШПАНИЈА 22-31 (8-14)
Македонија: Кизиќ, Гогов, Џонов 2, Пет. Атанасијевиќ 1, Младеновиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Митев 2, Ѓоргиев 1, Серафимов 8, Јагуриноски 1, Иваноски, Костески 1, Петковски 1, Стојковиќ 1, Петров 2, Симоноски


Македонската медитеранска репрезентација е поразена денеска на дуелот со Шпанија во рамките на третото коло од МИ. 
Нашиот тим одигра добри 20-тина минути во првиот дел. Добро се снајдоа против шпанскиот систем, стигнаа и до напад за израмнување при 7-8 во 20 минута и... 
Тој напад не го реализиравме, а оттогаш комплетно се сврте се на наша штета. Следеа лоши напади, одлични моменти на голманот Хернандез, технички грешки и Шпанија со серија од 5-0 во следните седум минути стигна до 13-7 и практично го реши победникот на натпреварот. 
Марко Кизиќ во неколку наврати не одржа во таа негатива, но не искористивме шанса да се доближиме. 

Во вториот дел беше полошо. Кога функционира на терен, системот на Шпанија, еден од најдобрите во светот е тешко да се запре. 
По 10 минути во продолжението, Шпанија водеше 20-13 и имаше контрола. Ритамот остана истиот, разликата се зголемуваше, стана и двоцифрена...

ОРГАНИЗАЦИСКИ ХАОС
Македонските ракометни репрезентации, а и не само тие од македонските спортисти што се во Оран се принудени да се снаоѓаат во прилично хаотично опкружување. Промената на термините, притисоците тие да се прифатат, доцното информирање за таквите промени се дел од секојдневието. А секој ден, носи некој нов „циркус“. 
Тоа води кон неможност да се спроведе дневниот план, во лет да се менуваат плановите и да се функционира на начин на кој не смее да функционира професионален тим.  Оставени сами на себе, работите можат да станат само полоши. 
Организатор и следствено лидер, водич на сите македонски тимови во Оран е МОК, но ниту оддалеку не се снаоѓа како што се очекува.
Нема поддршка, нема комуникација особено со главниот на македонската делегација, Владимир Богоевски кој  е најбараната личност кога се македонските спортисти во Оран во прашање.



Ако не знаевте: Жорди Рибера, познат и признат ракометен воркохолик, оваа репрезентација на Шпанија ја подготвува повеќе од една година. Во составот веќе има неколку играчи што се дел од А селекцијата (бекот на Прованс Иан Тарафета, голманот на Бенфика Сергеј Хернандез, крилото на Бидасоа Каулди Одриозола). 
Оваа екипа играше контролни натпревари со првиот тим на Франција, настапуваше на други турнири и се спрема да продолжи да произведува нов кадар за првиот тим. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk