Женскиот тим загуби на премиерниот меч на МИ

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 27-34 (16-19)
Македонија: Јовановска, Чурлиновска, Џатевска 5, Марија Јанкуловска, Дукоска 4, Миновска 2, Кипријановска 6, Арсениевска 1, Бојана Коцева, Коловска, Ангела Јанкуловска 1, Борјана Коцева 4, Седлоска, Ризоска 1, Младеновска 3




Македонската женска медитеранска репрезентација е поразена на стартот на игрите. Во првото коло, македонскиот состав загуби од репрезентацијата на Турција (16-19). 

Избраничките на Љубомир Савевски, главно ракометарки од кадетската репрезентација која наскоро ќе биде домаќин на Светско првентво, подобро го почнаа натпреварот и го контролираа резултатот во првите 15-тина минути. 

Но, по 15 минута, во период од четири-пет минути во кои Македонија беше во лош период, Турција го презема водството. 9-8 водеше Македонија, кога Турчинките предводени од крилото на дански Есбјерг, Бејза Туркоглу направија серија од 4-0 и поведоа со 12-9. 

Потоа Македонија бркаше резултат и беше во минус од гол два се до финишот, кога минусот од два стана три и на одмор се замина со резултат 16-19. 

Клучен за мечот беше воведот во второто полувреме. Со серија од 3-0, Турција поведе 22-16 и тоа беше премногу за младата македонска репрезентација да може да го следи. По ова повторно како во првиот дел, петнаесететина минути беше рамноправно, а потоа уште еднаш серија од 4-0 со која Турција од 26-21 поведе со 30-21. 

На крајот треба да напоменеме дека сепак е преголема возрасната разлика меѓу двете репрезентации за да можеме да се надеваме на поинаков исход. Македонија е овде првенствено да се подготви за У18 Светското првенство и просекот на возраст на нашиот тим е 17.7. 
Турската репрезентација е во просек 10 години постар тим и нивниот просек е околу 26-27 години. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk