Добродојде од Писонеро за Димитриоски

Димитар Димитриоски, поранешен играч на Металург, подоцна на Вардар и Е. Пелистер 2 е претставен во новиот клуб - шпанскиот Ваљадолид. 



Давид Писоњеро, поранешниот тренер на Вардар го доведе во својот Ваљадолид македонскиот ракометар Димитар Димитриоски. Поранешениот играч на Металург, Вардар и Е. Пелистер 2 потпиша едногодишен договор со некогаш силната шпанска екипа. 

„Го познавам од времето кога го тренирав во Вардар. Иако сеуште не е познат во светски рамки, знам дека се работи за добар играч. Може да игра на повеќе од една позиција и тоа е за нас многу битно, затоа што ќе можеме со еден ракометар да покриеме повеќе места“, изјави Писонеро во „добредојде-то“ за Димитриоски. 

Ваљадолид ќе го користи Димитриоски на позициите лево крило и централен бек. Бековската би требало да биде неговата главна позиција, иако во Македонија ретко го гледавме како бек, воглавно играше на крилната позиција. 
Тоа што во Шпанија се очекува од него да игра на повеќе места, под водство на Писоњеро, ако излезе како што е замислено, би можело сериозно да ја промени кариерата на 24 годишниот играч кој во еден момент беше и прв избор (покрај Манасков) за сениорската репрезентација. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk