Павел Атман се раздели со ЦСКА

Еден од најдобрите руски ракометари, Павел Атман (35) по две години минати во Москва, во екипата на ЦСКА се раздели со клубот. 


Харизматичниот руски плејмејкер Павел Атман стави многу силен впечаток и одлични партии додека играше за екипата на Металург (2013-15), но за жал го „фати“ и лошото време во Автокоманда и беше еден од играчите кои беа на листата за чекање за исплата на заостанати плати. 

По ова рускиот плејмејкер накратко печалеше играјќи за Ал Ахли и Ал Џаиш пред во 2015 да се врати во Белорусија, во екипата на Мешков Брест. Таму остана две сезони, па замина во Германија во Хановер, за во 2019 да се врати во Македонија, но во дресот на Вардар. 

За целото ова време од заминувањето од Металург, Атман имаше чест проблем со повреди. Со месеци паузираше и не успеа да се врати во формата што ја имаше додека играше за Динамо Минск или Металург. 
Во 2020 се пресели во ЦСКА и две сезони во кои исто така долго беше вон терен. Атман има 35 години и доколку го послужи здравјето има барем уште две сезони квалитетен ракомет во негови раце. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk