Австрија се повлече од јуниорското СП

Женската У20 репрезентација на Автрија побара, а ИХФ и дозволи да не ги доигра натпреварите од У20 Светското првенство што се игра во Словенија. 



Поради неколку позитивни случаи на Ковид во тимот и тоа во стручниот штаб по што не им остана лиценциран тренер во тимот, Австрија побара да биде исклучена од натамошните натпревари на СП. Иако лесно можеа да донесат тренерска замена, Австријките решија да не го ризикуваат здравјето на своите ракометарки поради можно ширење на вирусот. 
ИХФ имаше разбирање за нивното барање и Австрија без да сноси последици заминува од мундијалот пред да продолжат борбите. 

Австрија во групната фаза беше во групата со Хрватска, Швајцарија и Казахстан. И покрај тоа што ги совлада Казахстан и Швајцарија (33-26) на крајот (по изненадувачкиот пораз на Хрватките од Швајцарија) го освои третото место поради најслаб меѓусебен скор и требаше да игра Президент Куп.

По ова ИХФ сигурно ќе ги затегне Ковид мерките за следниот мундијал, а тој треба да се одржи за еден месец во Македонија, се работи за кадетско У18 Светско првенство. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk