МВП на Бундес лига, Алборг „извиси“ за поголема сала...

Рударски комбинат е нов спонзор на Келце. Полскиот шампион следните три сезони покрај пиварницата Ломжа со своето име ќе го рекламира и рударскиот комбинат и ќе вика Ломжа Индустрија Келце. Компанијата на претседателот Бертус Сервас, „Виве“ веќе нема да биде дел од името.



Само што ја доби својата прва вајлд карта за ЛШ, данскиот вице-првак Алборг објави дека проширувањето на салата од 5.000 на 10.000 гледачи е одложено поради глобалната светска криза. 

Аргентинскиот голман и довчерашен член на Барса, Лео Масиел, следната сезона ќе стои на голот на португалскиот вице-првак Спортинг. Во Барса, познато, доаѓа Данецот Емил Нилсен од Нант. 

Исландскиот бек Омар Инги Магнусон, играч на Магдебург, е прогласен за МВП на Бундес лигата за сезоната 2021/22. 

Во финалето на Американските квалификации за СП 2023 ќе се сретнат САД и Гренланд. Во конкуренција со Куба за која не играат најдобрите играчи меѓу кои и Рение Табоада и Куни Моралес и Мексико, овие две земји се пласираа на првите две места на табелата и ќе играат финале.
Во групната фаза, САД еднаш веќе го совлада Гренланд 36-28 и е голем фаворит за пласман на СП. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk