Mакедонија директно во бараж за СП 2023

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе има само една квалификациска препрека за пласман на СП 2023 што ќе се одржи во Шведска, Данска и Норвешка. 



ЕХФ денеска ги објави шеширите за првата квалификациска рунда и го потврди системот по кој ќе се добијат 10-те учесници од Европа, не сметајќи ги тука двете земји што директно ќе обезбедат пласман на СП од ЕП Македонија, Словенија и Црна Гора. Згора на тоа и трите домаќини се од Европа, а и светскиот првак исто така.

Со тоа што е учесник на ЕП, Македонија ќе биде во привилегираниот дел, по повеќе од 10 години и има многу поголема шанса да се пласира на СП. 
Десет тима од ЕХФ ЕУРО 2022 ќе одат директно во бараж за СП. Меѓу нив е и Македонија, а ќе играат против девет тима што ќе играат квалификации плус Чешка која е директно пласирана во бараж, но ќе биде во вториот шешир за баражот. 

Во квалификациите за бараж за СП екипите се поделени во два шешира.
Шешир 1: Австрија, Словачка, Исланд, Турција, Украина, Португалија, Ф. Острови, Грција, Италија
Шешир 2: Косово, Израел, Финска, Луксембург, Азербејџан, БиХ, Бугарија, В. Британија, Летонија

Една од овие репрезентации плус Чешка, ќе биде противник на Македонија во баражот за пласман на СП 2023.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk