Висла се враќа во ЛШ, се „офајди“ и Целје

Европската ракометна федерација денеска ги додели вајлд картите и ја состави Лигата на шампионите за следната сезона.



Висла Плоцк успеа да се избори за место во Лигата на шампионите. Констнто вложување, подобрување конечни им се исплатеше и по две прескокнувања, одново се во ЛШ.
Повеќе од оекувано вајлд карти добија Алборг, Веспрем и Нант, а им се приклучија и Елверум, ППД Загреб и како победник меѓу екипите што имаа подеднакви шанси - Целје Пивоварна Лашко. 

Враќањето на Хрватите и Словенците во ЛШ не е добра вест за македонскиот ракомет, затоа што се директни ривали на Македонија на ранг листата од која се добиваат директните места во ЛШ. 

Екипите на Спортинг, Гранољерс, Кадетен, Истад, Баја Маре и Мотор добија место во Европската лига. Нивните барања за вајлд карта не се прифатени. 

Во женската Лига на шампиони имаше само една екипа вишок, а тоа во случајов е Борисија Дортмунд. Тие нема да играат ЛШ од пријавените. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk