Македонија загуби место во ЛШ

Македонија нема да има претставници во Лигата на шампионите и во машка и во женска конкуренција следната сезона. 
ЕХФ денеска ги објави имињата на клубовите што се пријавени за настап во Лигата на шампионите. Го нема Ѓ. Петров, го нема Вардар, а го нема ниту Еурофарм Пелистер. 




Вардар без дозвола за настап, а неговото место нема да го заземе Еурофарм Пелистер, а нема да го заземе ниту ППД Загреб како претставник на држава што е првата на ранг листата меѓу државите што немаат директно место во ЛШ. 

ЕХФ денеска ги објави кандидатите за Лигата на шампионите. Фиксно место имаат екипите на ГОГ, Барса, ПСЖ, Магдебург, Кил, Сегед, Келце, Порто и Динамо Букурешт. 

Седум екипи од државите што веќе имаат еден претставник во ЛШ, бараат џокер (вајлд карта) за учество во ЛШ. Тоа се Веспрем, Нант, Алборг, Гранољерс, Нант, Висла Плоцк и Баја Маре 

Шест екипи што немаат фиксно место во ЛШ бараат џокер за настап во Лигата на шампионите следната сезона. 
Тоа се следниве екипи: ППД Загреб, Елверум, Целје, Кадетен, Истад и Мотор Запорожје. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk