Официјално: Вардар нема да игра во ЛШ

Европската ракометна федерација, денеска официјално информираше дека на Вардар 1961 нема да му биде дозволено да настапи во Лигата на шампионите. 




Вардар нема да игра ЛШ сезонава. ЕХФ одлучи да не му дозволи на Вардар настап во Европа поради неисплатени играчи што биле под договор.
Во соопштението на ЕХФ се вели дека речиси две години трае убедувањето со Вардар околу исплатата на долговите кои ракометарите што биле под договор. ЕХФ вели дека имало бројни преписки, поставени рокови, дури и директни, лични разговори во обид да се расчисти ситуацијата. 

Но, како што велат од Виена, Вардар заземал стратегија на одложување, непочитување на рокови, па дури и да не одговара на повиците. Се плаќало само рати, а имало и неколку обиди роковите да се префлат во новата сезона. 

Затоа Извршната Комисија на ЕХФ, едногласно, одлучила на Вардар да не му биде дозволено да настапи во Европа. 
Депозитот е вратен, а остатокот од средствата што ЕХФ ги должи ќе бидат исплатено откако сметководството ќе има ја завршната сметка за сезоната што измине. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk