Данец на клупата на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер фаќа нов правец во клупската политика. Ларс Валтер (56) е нивниот нов тренер. Тој ќе го заземе местото на Жељко Бабиќ и ќе биде првиот Данец на клупа на машки ракометен клуб во Македонија. 



Следната сезона во Битола ќе се гледа нешто ново. Не само во играчкиот дел каде што клубот ги замени практично сите странски играчи, туку и на клупата. 
Досегашната пракса да се ангажира тренер од Балканот и со самото тоа да се гради ракометна филозофија позната за овие простори, заврши денеска на пладне. 

Еурофарм Пелистер ангажиаше скандинавски тренер. Ларс Валтер (56) ќе биде првиот Данец на чело на машки ракометен клуб во Македонија. 

Резимето на Валтер е полно. Од локалниот дански клуб Вирум пред 21 година, па во Роскилде до клупата на Флензбург во 2004. Потоа почнува кариера во која останува по една-две сезони во Горење, Ајнтрахт, па Конверзано и Емсдетен пред да пристигне во Висла Плоцк каде што ќе остане три сезони. Потоа следуваат Баја Маре, Кадетен, Порто, Азоти Пулави и Рибе Есбјерг. Сега доаѓа во Битола. 

За Пелистер, а и за целиот македонски ракомет ова е една нова патека, нов правец. Ќе видиме што има да понуди од пребогатата кариера искусниот Данец. Се надеваме на нешто ново во играта, скандинавски шарм, нивни стил на игра што можеби ќе се прошири и низ другите екипи. За новитети и напредок секогаш има место. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk