Ракометните тимови пристигнаа во Оран

Двете македонски репрезентации, машката и женската сениорска екипа со видно изменети и подмладени состави пристигна во Оран, Алжир каде што ќе се подготвуваат до моментот кога ќе  им почнат турнирите на Медитеранските игри. 




Македонските репрезентации синоќа заминаа од Скопје во правец кон Оран, Алжир, домаќинот на Медитеранските игри 2022. На дестинацијата, Ел Анкор, град во провинцијата Оран, македонските играчи пристигнаа околу 04.00 часот и првото утро во Алжир им е резервирано за прилагодување. 

Освен репрезентациите, во Алжир има и судиски пар, Методија и Михајло Илиевски ќе бидат делегирани на турнирот. 

По 16 ракометари имаат на располагање Кирил Лазаров и Љубомир Савевски. Ќе имаат и доста време за подготовка, особено дамите затоа што нивниот турнир почнува дури на 30 јуни. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk