Познати 16-те патници за Медитеранските игри

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, селектираше 16 ракометари со кои Македонија ќе настапи на Медитеранските игри во Оран, Алжир. 





Познати се имиња на 16-те ракометари што ќе играат за македонскиот национален тим во првата летна акција. Медитеранските игри се можност да се тестира екипа од актуелни и потенцијални репрезентативци, па подмладени состави патуваат речиси сите репрезентации, со мал исклучок кај домашниот состав кој во улога на организатор нормално игра во прв ред на резултат. 

Имаше проблеми со составување на екипата селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во пресрет на Медитеранските игри во Алжир и мораше до последен ден да чека со списокот на патници. Не е тоа невообичаено, напротив. Сезоната штотуку заврши, а стартот на подготовките на тимовите за следната сезона не се толку далечни. 
Најмалку шест ракометари од првичниот избор на селекторот отпаднаа од списокот. Дел од нив поради повреди како Цветан Кузманоски и Милан Лазаревски, дел поради умор од долгата сезона како Томовски и Мишевски на пример, дел од приватни причини како Поповски, кој прави свадба. 

Кирил Лазаров во прв момент повика замени за да можат подоготовките да се одработат квалитетно, а сите играчи рамноправно конкурираа за место во тимот. Непредвидлива беше ситуацијата, а, последните две промени, беа направени во последен момент, денеска на ден пред заминување.

Промените во составот, секако ќе ги намалат резултатските амбиции, но светлата страна е што млади ракометари, во најголем дел играчи што играа за јуниорската репрезентација сега добиваат шанса да се покажат во дресот на „А“ националниот тим.

Македонија на Медитеранските игри е во група со репрезентациите на Алжир, Шпанија, Турција и Грција. 

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА
Марко Кизиќ
Васил Гогов
Павле Атанасијевиќ
Петар Атанасијевиќ
Игор Ѓоргиев
Иван Џонов
Томислав Јагуриноски
Ненад Костески
Костадин Петров
Марко Митев
Михајло Младеновиќ
Мартин Серафимов
Кристијан Симоноски
Марко Стојковиќ
Михаил Ивановски
Александар Петковски

Селектор: Кирил Лазаров


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk