Владо Шола на предавање во Охрид

Владо Шола (53) прославениот хрватски голман кој во 2003 стана светски, а во 2004 олимписки шампион, утре и задутре ќе биде гостин на Здружението на ракометните тренери на Македонија. 




Брз ракомет, транзиција од напад во одбрана и техника и такитка на одбрани со удари од гол од крилните и  поседно од бековските позици се четирите теми на кои предавање ќе држи Владо Шола, на семинарот што викендов ќе се одржи во Охрид. 
Овој семинар е задолжителен за добивање на тренерска лиценца што смао по себе значи дека многу тренери утре ќе бидат во „Билјанини Извори“. 

Славе Николов, меѓународниот судија, ќе ги објасни промените во правилата, Александар Јовиќ ќе држи предавање, односно обука и тактика за зонска формација 3-2-1, а Никола Матлиески со предавање за воведен и подготвителн дел од ракометниот тренинг, ќе го затвори дводневниот семинар. 

Единствената работа што може да ја намали заинтересираноста на овие предавања е треминот. Истовремено кога Владо Шола ќе зборува за интересна тема, транзиција од напад во одбранбена формација, во Келн ќе играат Кил и Барса, во полуфиналето на Лигата на шампионите. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk