Tатран и Целје доаѓаат во Струга

Струшкиот турнир годинава ќе го прослави својот 50-ти роденден. Организаторите на турнирот планираат побогат и позвучен турнир.



Годинава еден од најстарите турнири во светот, „Струга“ ќе наполни 50 години. Организаторите планираат побогата програма и позвучни имиња за јубилејот. 

Планирано е зголемување на бројот на учесници од шест на осум. Оваа бројка во принцип е проблематична поради термините и температурите, но јубилејот си е јубилеј и ќе гледаме осум екипи. 

Вардар 1961 и Е. Пелистер се сигурните домашни учесници и јасно организаторот Струга. Од странски екипи учеството го имаат потврдено екипите на Целје Пивоварна Лашко и словачкиот Татран Прешов. 
Остануваат отворени позиции за две странски и една домашна екипа, според актуелниот план. 
Отворена понуда има Келце, но Полјаците засега не потврдиле официјално дека доаѓаат. 

Турнирот ќе се одржи од 16 до 20 август.

Ако не знаевте: Единствениот ракометен турнир што има подолга традиција и повеќе изданија од струшкиот е ТВ турнирот на шампионите во Добој. Со неколку паузи, овој турнир годинава ќе го има своето 53 идание. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk