Брестовац во преговори со Тиквеш

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац, е блиску до преземање на тренерската функција во ГРК Тиквеш.



Данило Брестовац и ГРК Тиквеш се во сериозни преговори за отпочнување на соработка за следната сезона. Како што неофицијално дознаваме, разговорите се во напредна фаза и за ден-два би требало да биде познато дали Брестовац ќе биде нивниот нов тренер. 

Данило Брестовац откако замина од селекторската позиција, минатава сезона работеше во Саудиска Арабија и го водеше клубот Ал Мадар. Освои шампионски пехар и Супер Куп пред да се разделат.

ГРК Тиквеш на клупата го имаше Горан Андоновски кој летово се врати во својот Охрид. Кавадарчани беа блиску до излез во Европа, но поради послабиот меѓусебен скор (гол разлка) во пролетниот дел со Е. Пелистер 2, битолчани ќе играат во ЛЕ. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk